Медицина
Бостонската компанија Perceptive објави дека создаде робот способен ефикасно да ги извршува функциите на стоматолог. Неодамна овој робот за првпат изврши операција на човек. За зафатот потрошил осумпати помалку време отколку што обично му треба на лекарот.
Објавено на 05.08.2024 - 16:00

Астрономија и астронаутика
По словенците и хрватите, сега и нашите соседи, србите најавија лансирање на нивен сателит во орбитата на Земјата. Со ова соседна Србија ќе стане трета земја од поранешните “екс-ју” простори со сопствена вселенска програма и сателит во орбитата, и ќе се приклучи на клубот од 106 земји во светот со развиена вселенска програма.
Објавено на 05.08.2024 - 13:45

На граница на науката
Деновиве во видокруг ни влезе едно интересно видео за радикалната идеја на биоцентризмот според која животот го создава времето, просторот и самиот космос, како и последиците што произлегуваат од неа – паралелни универзуми, неуништливост на свеста на набљудувачот, а зошто да не и бесмртност на квантно ниво.
Објавено на 01.08.2024 - 19:45

Медицина
Спортистите специјализирани за трчање на средни патеки живеат во просек 5 години подолго од општата популација. На што се должи оваа предност? Дали екстремните физички вежби го трошат телото, за на крај да се одразат и на вашето здравје? Ова е традиционалното гледиште, на кое сега се спротивставува научната студија која внимателно ги следела спортистите кои се тркаат на средни патеки (помеѓу 800 и 3000 метри). И покрај исцрпувачката рутина на тренинзи, шампионите во овие дисциплини живеат во просек 5 години подолго од остатокот од населението! Ова беше откриено со анализа објавена во мај 2024 година во British Journal of Sports Medicine.
Објавено на 01.08.2024 - 16:00

Астрономија и астронаутика
И повторно доаѓа тоа време од годината кога нѐ очекува еден од најблескавите метеорски роеви. Персеидите се редовни посетители на августовското небо на северната хемисфера и видливи се некаде од средината на месец јули, па речиси до крајот на месецот август. Иако метеорскиот дожд во помал интензитет е видлив во целиот овој период, неговиот пик го очекуваме на 12 и 13 август.
Објавено на 31.07.2024 - 13:45

Воена техника
Британските научници и инженери за прв пат успешно истрелаа ласерско енергетско оружје со голема моќност од борбено возило на британската армија. Револуционерниот тест, како што тие велат, бил спроведен на полигонот на лабораторијата Dstl (Defence Science and Technology Laboratory) во Портон Даун. Ласерското оружје неутрализирало цели на растојанија поголеми од 1 км.
Објавено на 31.07.2024 - 12:45

Хемија
Македонските средношколци кои учествуваа на Меѓународната олимпијада по хемија се вратија од Ријад, Саудиска Арабија со нови два медала. На олимпијадата во Ријад учествуваа 350 ученици од 90 држави.
Објавено на 31.07.2024 - 12:00

Хемија
Македонските средношколци кои учествуваа на Меѓународната олимпијада по хемија се вратија од Ријад, Саудиска Арабија со нови два медала. На олимпијадата во Ријад учествуваа 350 ученици од 90 држави.
Објавено на 30.07.2024 - 18:45

Информатика
Тајното пресретнување на видеосигнали е прилично стар начин за електронско шпионирање, но новиот метод откриен од група истражувачите открива застрашувачки нов начин како тоа може да се изведе. Техниката комбинира безжичен ЕМ мониторинг и алгоритми за вештачка интелигенција што овозможуваат „читање“ на текстот од екранот на жртвата.
Објавено на 30.07.2024 - 17:45

На граница на науката
Истражувачите од Центарот за наномедицина во рамките на Институтот за основни науки (IBS) и Универзитетот Јонсеи од Јужна Кореја открија револуционерна технологија која може да манипулира со одредени региони на мозокот користејќи магнетни полиња, потенцијално отклучувајќи ги тајните на мозочните функции од високо ниво, како што се когнитивноста, емоциите и мотивацијата. Тимот ја разви првата во свет технологија Nano-MIND (Magnetogenetic Interface for NeuroDynamics), која овозможува безжична, далечинска и прецизна модулација на специфични длабоки мозочни нервни кола со употреба на магнетизам.
Објавено на 30.07.2024 - 16:30

Pages