Познато е дека денес во светот се одвива енергетска транзиција при што фосилните горива (јаглен, нафта и природен гас) се исфрлаат од употреба, а се оди на користење на обновливи извори на енергија (најмногу сонце и ветер, хидроенергија ако има услови) за производство на електрична енергија.. Но, без оглед на тоа за која земја станува збор, профитот има приоритет пред заштитата на животната средина. Тоа е карактеристика на капитализмот како општествено, политичко и економско уредување...