Електроника
Изглед на инфрацрвениот приемник TSOP 17xx

Компјутерите денес се дел од нашиот секојдневен живот. Не ги користиме само за пишување документи, туку и за слушање музика, гледање телевизија, гледање филмови итн. Постојат многу едноставни, но добри програми кои ни го овозможуваат тоа. Нивниот недостаток е отсуството на далечинска контрола.


Астрономија и астронаутика

Кон планетата Сатурн и нејзиниот најголем сателит - Титан, патува вселенското летало Касини - Хајгенс (Cassini – Huygens) во мисија, која треба да даде подетални информации за процесите, кои денес се случуваат во атмосферата на Титан, а кои според научниците се случувале на Земјата пред 4 милијарди години и резултирале со појава на органски супстанции поврзани со појава на живите организми на нашата планета.


Информатика

Едитор кој создава фанатична завист, а со тоа и вечна борба против неговите најдобри ривали. Некои, фанатичната приврзаност за овој едитор ја споредуваат со приврзаниците на религиозните секти кои слепо, но цврсто се држат до нејзината филозофија.


Електроника

За оние кои првпат се среќаваат со нашето списание ЕМИТЕР и за оние кои подолго време го читаат, а не собрале храброст практично да реализираат некој од објавените проекти од областа на електрониката, еве им шанса со малку знаење, малку труд и малку пари да изработат микрофонски предзасилувач. Верувајте ми овој проект ќе биде "лесен плен" за секој оној кој ќе се нафати да го изработи.


Автомобилска техника

Мерцедес СЛР Мекларен уште на стартот покажа дека и повеќе од заслужено се здоби со привилегираното право на членство на малубројниот клуб на ексклузивни ултра-спортски автомобили. Ако првиот примерок постигна фантастична цена од 2 милиони долари, колекционерите веќе нагаѓаат колку ли тој ќе чини после неколку години.


Аудио и видеотехника

Кај луѓето секогаш е изразена носталгијата кон старите добри времиња, кон разновидните предмети од тие времиња. Затоа и не е чудно што таквата "жал за младост" се јавила и во поглед на некогашните микрофони, на нивните изведби со ламби или со основните материјали за нивната градба од тоа време, како и со задоволување со тогашните технички карактеристики, со проткајување на новите сфаќања.


Електроника

Улогата на овој уред е со помош на импулсно-ширинска модулација да го контролира напонот со кој се напојува светилката приклучена на него. Ваквиот уред уште се нарекува и димер, а нашиот уред првенствено е предвиден за управување на светилки кои се напојуваат со еднонасочен напон од 12V, но може да се употреби и за управување на греач или некој сличен уред.


Астрономија и астронаутика

Сî поголемиот број на откриени планети околу други ѕвезди го зголемуваат верувањето дека нашиот Сончев систем е просечен модел кој постои околу многу други ѕвезди. Ако е тоа точно, тогаш Млечниот Пат е преполн со планети и уште повеќе сателити кои орбитираат околу нив. Некои од овие сателити можат да ги имаат неопходните состојки за живот и способноста да го издржуваат.


Аеронаутика

Во ова продолжение од серијалот по повод 100 години од првиот моторен лет, ќе ја претставиме сегашноста и иднината на авијацијата, претставувајќи ги досегашните значајни достигнувања во авијацијата, но и дел од развојните планови за во иднина.


Електроника

Една голема кутија, наречена PAL ТВ приемник, со многу шкафчиња; секое од нив крие по една или повеќе тајни. Сега ќе ги отвораме едно по едно, следејќи ја блок-шемата.


Астрономија и астронаутика

Американскиот претседател, Џорџ Буш помладиот, пред еден месец изјави дека Месечината повторно се враќа на врвот на приоритетите на Американската агенција за аеронаутика и вселена (НАСА) и тоа како отскочна штица за освојување на нашиот најблизок сосед Марс. Можеби во ова време ова и не звучи многу сензационално, но пред 43 години, поточно на 25 мај 1961, кога тогашниот претседател Џон Ф.


Автомобилска техника

Ако временската машина ја вратиме неколку децении наназад ќе видиме дека на автомобилскиот пазар се имаат појавено возила кои уште во своето време станаа легенди, феномени или начин на размислување и стил на живеење. ќе споменам само некои од нив: Порше (Porsche) 911, Спачек (Citroën 2CV), VW Буба, NSU. За сите овие возила заедничко е што ладењето на нивните мотори е воздушно.


Телекомуникации

Не можете да кажете дека не сте слушнале за технологијата Bluetooth, штом во рака го држите ова списание. Истата многупати е споменувана во написи од областа на мобилните комуникации, како и во компјутерската техника, така што сигурно знаете колку погодности нуди овој начин на безжично поврзување. Во последно време сî повеќе вниманието се насочува кон безжичното поврзување, а Bluetooth е еден од стандардите.


Информатика

Секој стадиум на развој на компјутерите имал свој типичен предизвик. Тоа обично биле проблеми за кои се барало решение со помош на "мислечки машини", а кои претставувале предизвик на одреден степен на можности на технологијата. На почетокот главен предизвик за компјутерите бил пресметување на вредноста на бројот Пи, но со години по ред шахот е главно мерило за развојот на компјутерската техника. Денес човештвото се наоѓа пред фактот дека големиот предизвик е речиси решен.


Физика

Фотонскиот кристал е оптички материјал со посебна структура која е создадена по вештачки пат. Таа представува матрица од периодично распоредени области на средини со различни индекси на прекршување чија вредност многу се разликува.


Макетарство и моделарство

Еден од најитересните и најексплатираните периоди од воздухопловната историја кај воздухопловните макетарите е несомнено Втората светска војна, а особено военото воздухопловство на Третиот Рајх односно"Luftwaffe”.


Информатика

mIRC или “my Internet Relay Chat” е програма која овозможува разговор на личности кои се приклучени на Интернет без разлика во кој дел на светот се наоѓаат. Оваа програма прв ја направил Jarkko Oikarinen во 1988 година, а првпат била користена во Финска, а потоа и во повеќе држави во светот. mIRC програмата била дизајнирана како замена за програма за зборување, но стана нешто повеќе од тоа.


Информатика

Овие се две од најпознатите и најкористените програми кои се користат за кракирање (cracking). Скоро секогаш се користат во пар. W32Dasm се користи за дисасемблирање (disassembling) и Hiew за "пробивање", односно менување на кодот. Ги има во многу верзии, а во овој текст ќе биде опишан начинот на работа со W32Dasm верзија 8.93 и Hiew верзија 6.85


Телекомуникации

Во последно време сî почести се иновациите кои се појавуват на пазарот на мобилните телефони. Еден од овие "експерименти" е и колекцијата на германската компанија Сименс (Siemens), којашто се разликува од сî што досега имаме видено на полето на GSM технологијата.


Телекомуникации

После долго време изгледа дека Сименс ги слушна нашите сугестии за своите мобилни телефони. Овој пат ќе го претставиме најновиот модел, ST60. ќе ги дознаете сите негови можности и негативности.


Електроника

Кога ви е потребен едноставен, евтин и минијатурен индикатор за температура, каде точноста не е од пресудно значење - решението е тука. Само неколку компоненти: еден транзистор, два отпорници и тример потенциометар за нагодување, една диода и LED-диода за индикација, во соодветна електрична конфигурација ја индицираат пречекорената температура на местото што се контролира.


Автомобилска техника

Масерати Кватропорте (Maserati Quattroporte) е еден од последните примероци на италијанската школа за применета уметност, отсек - автомобилизам.


Електроника

Овој осцилатор се состои од едно интегрирано коло (4060), еден отпорник и еден кристал, а дава 10 различни стабилни фреквенции.


Електроника

Оваа апликација претставува трепкач кој како светлосен извор користи сина LED диода, а воедно се напојува со една батерија од 1,5V!


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за строноми-аматер. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец има една посебно интересна астрономска појава за набљудување - тоа е кометата означена како C/2002 T7.


Омнибус

Супер аудио ЦД кај нас; Опел Трикс и Тигра ТвинТоп; Новиот Мерцедес СЛК; Дигитален фотоапарат BTC DSC 3300V; Пронајдено најстарото јато галаксии досега; Нокиа 610; Hondajet - првиот Хондин авион; Макета на МИ-24 од Trupeter; Иридиумски блесоци; Аголна дупчалка и одвртувач Black&Decker HP9096; Интерпретирање на "песна" од далечна црна дупка; Сфера од нашата Месечина; Марс под лупа; HP Фотосмарт 245; Black&Decker HP126F2K и HP146F2K; HP Фотосмарт 945 - дигитална камера со моментен прено


Писма
Засилувач за сабвуфер
Инстант електроника
Маскол за макети
Прашања за ДЦ конвертор