Проект за аматерски радиотелескоп

Ме интересира дали некогаш сте објавиле нешто во врска со кон­с­трукција на засилувачи и антени за аматерски радио телескоп(и)? Да­ли некој ваш читател или сора­бот­ник се има обидено да направи радио телескоп?

Интересен пример за „отка­че­на” употреба: https://www.qsl.net/yu1aw/ANT_VHF/ANT.htm

Александар Шулевски

 

Досега не сме објавиле таков проект. Темата е многу интересна, но бара големи познавања од елек­трониката и радиоастрономијата, како и добра местоположба за ан­тената (радиотелескопот). Пред речиси 40 години, кога поактивно се занимавав со астрономија, купив една американска книга „Радиоа­строномија” наменета за енту­зи­јасти-самоградители, со детални конструкции на радиоастрономски антени и приемници. Сепак, денес напредокот на техниката ја има прегазено таа книга. После толку време има голем напредок во елек­трониката, со подобри транзистори и конструкции на приемници, со помал шум и поголема селек­тив­ност. Но, градската околина за­гадена со електромагнетни шумови не влијае поволно на таквите про­екти, а и димензијата на антената треба да е голема, така што не гледам некој потенцијал за успех на еден таков евентуален проект. За некои посилни астрономски радио­извори може да се пројде со некој помал array од хеликоидални анте­ни, но и тоа не може да се постави на балкон од стан – за таков проект мора да се има куќа со двор.

На дадениот линк е опишана средно голема (за радиоаматерски услови – огромна!) параболична радиоантена, која инаку може да се користи како радиотелескоп, но таму е опишана нејзината употреба исклучиво како Earth-Moon-Earth ра­диоаматерска радиокомуникација - што нема врска со радиоастроно­мијата, иако таму попатно се спом­нати некои мерења на сигналот од неколку галактички радиоизвори, заедно со Сонцето).

Владимир Филевски