Почитувани,
Ви пишувам во врска со написот за можноста водата да гори кога ќе се третира под одредени радиобранови (ЕМИТЕР 4/08).
Ме заинтригира вашето ценето мислење дека ова технологија не може да биде применлива. Според тоа што го читам на интернет, ова навистина може да биде замена за скапите и при крај фосилни горива, нормално доколку дозволуваат светските моќници, не мислам на тие политички туку тие финансиски. А друга опасност според мене на добивање на бесплатна енергија е и тоа што оној кој ја има енергијата во моментот има и моќ. Тоа се според мене причините, а не нешто друго.
Поздрав
Арбен Саити
Оддeление за Системско Инженерство, Министерство за Одбрана на РМ
Благодариме на Вашето јавување во врска со написот "Вода во пламен".
Вашето размислување за проблемите од примена на технологијата наведена во написот за продукција на гориво како замена на скапите и веќе речиси исцрпени ресурси на фосилните горива е логично. Навистина, на интернет има мноштво статии кои укажуваат на можноста водата да се користи како евтино или бесплатно гориво. Во спомнатиот текст ние пренесовме научна потврда на едно од можните решенија објавено во неколку странски научни списанија. За жал, оваа метода е неефикасна и тоа го изјавува самиот автор (John Kanzious, а тоа што Вие сте го прочитале на интернет, "дека водата може да биде замена за скапите фосилни горива", сигурно се однесува на продукција на гориво по некоја друга метода, што не беше тема на наведениот напис.
Со почит,
Петар Лагудин