Емитер 7-8/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
При крајот на предминатата година се појави едно многу интересно интервју направено со легендарниот аудиоконструктор Rupert Neve koj во светските аудио кругови ужива несомнена почит. Во него се опфатени разни области на аудиотехниката. Како и да е, неговите мислења и сфаќања во врска со тековните, поранешните и идните дилеми на аудиотехниката се надеваме дека ќе бидат многу интересни не само за професионалците, туку за поширок круг читатели. Интервјуто е преработено без да се навлегува во суштината на оригиналните изјави.
За неговата работа тој вели: "...Јас всушност сакам да ги потсетам луѓето дека ние сме многу,многу привилегирани во нашата индустрија. Ние можеме да правиме работи што ни причинуваат задоволство... Не треба да заборавиме дека милиони луѓе ширум светот ја немале оваа можност. Она што го правиме може да се рефлектира во програмскиот материјал што го создаваме. Постои ли нешто во врска со тоа што е на некој начин од корист за човештвото? Звучи како многу високо летање да се кажат овие работи, но јас мислам дека е важно што ние придонесуваме за позитивните вредности на хуманоста, а не на негативните....."
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.