Емитер 9/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дали сакате да имате комплетна контрола на апаратите кои ги имате дома? Имате некој мал индустриски процес кој не е автоматизиран само поради комплексноста на работите? Или, пак, имате желба да добиете автоматски извештај за состојбата на вашата машина по SMS каде и да се наоѓате? Колку и да ви се чини ова недостапно или научна фантастика, прочитајте за PICPLC16 v6 развојниот систем од микроелектроника и … би било добро да земете лист и пенкало за да ги запишувате идеите кои ќе ви се раѓаат читајќи го текстот :-).
PICPLC16 v6 е најновиот развоен систем од Микроелектроника, наменет за развивање на индустриски апликации. Главната комуникација на развојниот систем со надворешниот свет во процесот се одвива преку релеи и оптокаплери. Сепак, системот може да функционира како независен уред, а има и многу други модули за комуникација со надворешни уреди и контролери. Најинтересни модули за комуникација се GSM/GPRS, Ethernet, RS232 и RS485, додека уште многу други можат да се додадат како проширување на системот. Главен програмабилен елемент на развојниот систем е PIC микроконтролер од Microchip, додека за неговото програмирање е задолжен добро познатиот USB програматор и ICD дебагер.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.