Емитер 9/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако имате проблеми со слухот, односно ако слабо слушате или, пак, ако со слухот сè ви е во ред, но сакате да ја шпионирате вашата атрактивна сосетка или соседот кој ве озборува зад грб итн., тогаш големи се шансите да ја остварите намерата со помош на овој минијатурен уред изработен и опишан во проектот што следува.
Ова минијатурно евтино електронско коло е за општа намена, но главна примена му е како слушно помагало. Значи, во овој мал проект целосно е опишано електронско коло кое со малку труд и пари може да го изработи секој електроничар, се разбира, ако има потреба од него. Концептот на ова коло е со помош на мал кондензаторски микрофон да ги собира околните акустични сигнали и со одредени засилувачки степени реализирани во него повеќекратно да ги засили. По ова засилување, уредот преку соодветна слушалка аудиосигналот го испорачува до нашето уво.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.