Рубрика: Столарство
Сталажа за алатки
Автор: Маријан Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатиот број ве запознавме со мини дупчалката и основните додатоци кои најчесто можат да се сретнат во основниот хоби кит. Во овој број го објавуваме првиот проект со кој можете да ги тестирате досегашните знаења, или пак, да почнете да ја користите мини дупчалката. Земајќи ја предвид едноставноста на проектот, на почетниците им препорачуваме да започнат токму со него.

Веќе ви го претставивме најголемиот дел од додатната опрема на основниот кит со мини дупчалка: сврдла за дупчење, глодалки, дискови за сечење и шмирглање. Не може, а да не се забележи потребата од место за уредно и прегледно сместување на сите елементи. Сталакот за алатки ќе ви овозможи прегледност на сите алатки уште на прв поглед, така што брзо и лесно ќе можете да ја изберете вистинската алатка за работата што сакате да ја завршите. Покрај тоа, алатките ќе ги заштитите од правот и остатоците кои се собираат на работната маса. Поради ова, а и поради едноставноста, проектот за правење сталак за алатки го нудиме како најсоодветен за започнување со употребата на мини дупчалката.

Сталакот се состои од две парчиња дрво со димензии 150x80mm, кои се поставуваат едно врз друго. Горното парче има отвори за сместување на додатоците, а долното парче дрво практично претставува  основа која ќе оневозможи испаѓање на елементите на работната површина. Всушност, димензиите на овие две парчиња дрво не се критични и може да се променат по потреба така што сталакот би можел да послужи и за сместување на сет од алатки со различни големини.

Како водич за правење на горното парче од сталакот се користи шаблон од хартија

Како водич за правење на горното парче од сталакот се користи шаблон од хартија

Издупчете ги дупчињата – водилки на долната страна од долното парчe

Главни елементи и материјали:

парче борово или кое било друго меко дрво
парче шпер плоча

 
Клучни зборови:
Како водич за правење на горното парче од сталакот се користи шаблон од хартија

Како водич за правење на горното парче од сталакот се користи шаблон од хартија

Готовото горно парче можете да го искористите за исцртување на долното парче врз шпер-плочата

Готовото горно парче можете да го искористите за исцртување на долното парче врз шпер-плочата

Издупчете ги дупчињата – водилки на долната страна од долното парч

Издупчете ги дупчињата – водилки на долната страна од долното парч


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.