Рубрика: На граница на науката
Нема крај на светот во 2012 година!
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Повикувајќи се на календарот на Маите, во јавноста се појави застрашувачка информација дека "во 2012 год. ќе се случи крај на светот"! Но, вистинската наука демантира секаква научна основаност на ова пророштво!

Веста за претстоечкиот "крај на светот во 2012 год." не престана да расте во последно време и да ги вознемирува неупатените луѓе. Од каде потекнува ова апокалиптично претскажување? Нејзиното потекло е од календарот на Маите, некогашна напредна цивилизација, која живеела во Америка во времето пред Колумбо. Татковината им била на просторите на денешен Хондурас, Гватемала и Мексико, а исчезнала во првата половина на XVI век, со доаѓањето на шпанските освојувачи. Маите достигнале висок степен на култура и наука: математика, астрономија со хронологија, вклучувајќи го тука и нивниот, за тоа време, многу прецизен календар, во кој многу прецизно се наведува дека "крајот на овој свет ќе се случи на 21 декември 2012 год."! Ова вест кај неупатените маси внесе загриженост, која ја подгрејуваат и некои надринаучни објаснувања, дека крајот ќе се случи поради астрономски фактори - зголемената сончева активност, судар со планетата Нибиру, распоред на планетите во права линија, црната дупка од галактичкиот центар и инверзија на магнетното поле!
Во продолжение на текстот ќе го проследиме одговорот на науката на црните сценарија и објаснувањата на “пророците“.

Клучни зборови:

Oблик на ракопис од календарот на Маите. Во текстот се спомнуваат датуми десетици години по 2012 г.

Астрономите не очекуваат во 2012 г. судир на нашата планета со какви било тела способни да ја разорат Земјата.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.