Рубрика: Фототехника
NIKON SB-600AF
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Електронскиот флеш (блиц) на Никон припаѓа на групата интелигентни блицеви со бројка водилка од 30m/ISO100. Моторизираната флеш глава, можноста за безжично активирање во групи, моќниот широк спектар на светлосно аголно покривање и поддршката за работа во т.н. CLS (Creative Lighting System) мод, како и флексибилноста на движење на светлосниот извор во хоризонтален и вертикален правец и изворот на инфрацрвено светло за подобрено фокусирање, го прават неопходен и незаменлив додаток на осветлување на секој SLR апарат.

Сериозноста на уредот доаѓа до израз само што ќе се земе во раце: масивен, тежок, со совршени и заоблени контури, префинета крајна доработка и складност во склопувањето, што оддава впечаток како да е излиен, а не составен од повеќе делови. А кога на тоа се ќе додаде "имуноста на крцкање" под прстите (како евтин кинески производ :-)), позлатеноста на контактите во долниот дел и одличното решение за сместување на батериите, со сигурност нема да изостане "љубовта на прв поглед".

Технички карактеристики:

Досег на осветлување (при зум 35mm): 30m (при ISO 100), 42m (при ISO 200);
Дијапазон на осветлување: 0,6 m до 20 m;
Времетраење на блесокот: 1/900 s при 1/1 од максимумот до 1/25000 s при 1/64 од максимумот;
Време на полнење и број на блесоци: Ni-MH (2000 mAh) - 2 s min и 250 блесоци; Ni-Cd (1000 mAh) - 3 s min и 90 блесоци.

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.