Рубрика: Биологија
Потеклото на животот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За потеклото на животот на Земјата постојат две научни теории. Првата ја брани тезата дека органските супстанци на Земјата се "посеани" од метеоритите, кои, како што е утврдено, во својот состав содржат аминокиселини, а втората ја брани тезата за настанок на животот со хемиски процеси на Земјата, впрочем тоа го поткрепи експериментот на Стенли Милер од 1953 год.. Најновите сознанија вклучуваат и вулканска инволвираност во создавањето на животот.

Откритието дека метеоритите во својот состав содржат органска материја - аминокиселини, поттикна теорија, според која хемиската прасупстанција на животот била "стокмена" во длабочините на вселената и потоа "посеана" на Земјата. Но, фамозниот експеримент на хемичарот Стенли Милер (Stanley Miller) од 1953 год., со кој тој продуцирал органски супстанции од неоргански елементи, покажал дека органските материи на Земјата не мора да биле "посеани" од надвор, туку тие можеле да бидат создадени преку хемиски процеси тука, на самата Земја.
Во најново време неговите следбеници направиле дополнителни анализи на сочуваните примероци од наодите останати од Милеровиот експеримент, но сега со многу пософистицирана метода. Резултатот ја поткрепува тезата за потеклото на животот од самата Земја, и истовремено ги проширува научните сознанија, вклучувајќи во нив можност од вулканска инволвираност во процесот на создавање на органската материја на Земјата. Но, да одиме по ред.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.