Рубрика: Електроника
Распоред на изводи на биполарни транзистори со мала моќност
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изработката или поправката на некој електронски уред е невозможна доколку не се познава распоредот на изводите на електронските елементи. Нив може да ги дознаеме, пред сè, од каталозите на производителите, па затоа секој електроничар треба да поседува барем неколку каталози. Денес, тие доаѓаат и во печатена и во електронска форма (на CD-ром) и нивната набавка не претставува проблем, за разлика од пред десетина години кога нивната набавка беше скоро невозможна, особено за хоби-електроничарите. И покрај тоа што каталозите на електронските елементи денес се лесно достапни, нивното секојдневно прелистување не е многу практично, бидејќи барањето на потребната компонента одзема многу време. Токму затоа, во овој и во следните броеви на ЕМИТЕР, ќе го прикажеме распоредот на изводите и изгледот на куќиштата на неколку стотини најчесто користени електронски елементи. Изборот го направив на основа на зачестеноста на нивното појавување во електронските конструкции кои досега беа објавени во ЕМИТЕР, како и оние што се објавени во бившојугословенското списание "Радиоаматер", британските списанија "Elektor" и "Everyday Practical Electronics" и неколку попопуларни книги за електроника.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.