Рубрика: Макетарство и моделарство
Вовед во ракетното моделарство
Автори: Перица Поповски, Гоце Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Појавата на ракетното моделарство е резултат на неверојатниот брз развој на ракетната техника во релативно краток период. Секогаш се појавувале ентузијасти кој обрнувале особено внимание кон она што е ново и неиспитано, односно недостапно до обичниот човек. А новото и најактуелно беше развојот на ракетната техника. Особено значаен момент беше пронајдокот на цврсто ракетно гориво. Тоа овозможи ракетното моделарство да биде достапно до секој заинтересиран без обзир на возраст. Факт е дека ракетното моделарство потекна од земјите кои имаа највисок степен на развој во вселенските испитувања и ракетната техника – САД и поранешен СССР. Секој нов степен на освојување на вселената беше пропратен со нови достигнувања и во ракетното моделарство. Сознанијата од областа на физиката, хемијата, математиката дадоа огромен придонес во напредокот на ракетното моделарство. Но неможеме да го избегнеме и фактот дека многу големи ракети полетале прво како ракетни модели во одредени лабаротории и надвор од очите на јавноста.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.