Рубрика: Омнибус
Муслимански изуми вградени во модерниот свет
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Веројатно многумина од вас не знаат дека многу нешта без кои денес не би можеле да живееме доаѓаат токму од муслиманските земји и култура. Така, на пример, муслиманскиот пронаоѓачот Абас ибн Фирнас, во 9-тиот век во Шпанија ја дизајнирал првата летачка машина, сто години пред Леонардо да Винчи да ја скицира неговата идеја за летало.

Во лондонскиот Научен музеј на 21 јануари оваа година беше отворена изложба "1001 изум" посветенан на фундаментални идеи и пронајдоци кои им припаѓаат на муслиманскиот свет од седмиот век па наваму. Заради големиот интерес оваа изложба наместо до крајот на април ќе биде отворена до 30 јуни. Издадена е и книга за муслиманското наследство, со цел да не се заборави историјата долга 1000 години, бидејќи како што за CNN вели професорот Салим ал-Хасани (Salim al-Hassani), претседавач на Фондацијата за наука, технологија и цивилизација и уредник на книгата: "Постои дупка во нашите знаења за оваа цивилизација". Еве го неговиот избор на 10-те најважни пронајдоци кои се вградени во модерниот свет и без кои животот денес не може да се замисли.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.