Емитер 7-8/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Remote Administrator (буквален превод "Управувач од далечина") или накратко Radmin (Радмин), претставува програма наменета за управување на повеќе компјутери кои се мрежно поврзани, односно користат TCP/IP конекција. Со оваа програма имате можност да управувате еден или повеќе компјутери директно од вашиот, односно да имате целосна контрола над друг компјутер користејќи го вашиот.
ЗОШТО ТОКМУ РАДМИН?
Кратко и јасно: затоа што е најсигурен. Уште на почетокот на неговото дизајнирање посветено е големо внимание на неговата сигурност. Еве неколку причини зошто Радмин операциите се најбезбедни:
1. Радмин го поддржува нивото на безбедност на корисникот (user level security) за Windows 2000/NT. Може да се дозволи пристап само на одредени корисници или кориснички групи.
2. Радмин работи во енкриптирана (шифрирана) форма, така што сите пренесувани податоци, вклучувајќи ги и сликите, движењето на глувчето и притискањето на тастатурата се шифрирани со 128 битна TwoFish енкрипција.
3. Серверот на Радмин има и филтер на IP адреси со кој може да се забрани пристап на наведените IP адреси до компјутерот на кој е активиран серверот.
4. Серверот има и карактеристика да води дневник за сите акции во посебен .log фајл.
ПОТРЕБНА КОНФИГУРАЦИЈА
Радмин не бара посебна конфигурација на хардверот. Работи на Win9x/ME/NT/2000 оперативен систем. Може да работи дури и на конфигурација со 386 процесори со 8 MB RAM меморија. Најважно е на компјутерот на кој се инсталира задолжително да има инсталирано TCP/IP протокол. Радмин може да работи дури и ако на компјутерот, на којшто е инсталиран Радмин серверот (компјутерот на кој сакаме да се поврземе) се исклучени дисплејот, глувчето и тастатурата.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.