Емитер 3/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Новиот оперативен систем на Microsoft – Windows 7, веќе стана секојдневие. Дури и закоравените фанови на "незаменливиот" Windows XP полека но сигурно преоѓаат на популарната седмица. Според некои статистики, Windows 7 многу побргу го освојува пазарот од својот "прет-предходник" и тоа, барем за мене, воопшто не е зачудувачки факт. Едноставно, стариот добар XP веќе предолго време беше број 1 во светот на оперативните системи, при ова не мислејќи само на Windows OS. Се разбира, и Windows Vista имаше свое место и улога во целата оваа приказна која доведе до големата популарност на 7-ката. Сепак, темата на овој напис е нешто друго и можеби малку невообичаена, но за некој веројатно ќе биде корисна – проблеми при инсталација на Windows 7.
Верувале или не, јас се изнамачив додека успеав да го инсталирам овој долго очекуван оперативен систем. Голготата траеше со месеци, да, добро прочитавте, со месеци. Но, да одам по ред. Прво, зошто ваков напис?
Поради сите оние кои можеби имаат или ќе имаат проблеми при инсталацијата на Windows 7. Новиот оперативен систем не е баш толку идеален, не е компатибилен со дел од постоечкиот хардвер, има свои "мушички", инсталацијата не оди секогаш како што треба, базата на драјвери не е толку богата како што се најавуваше (се прашувам колку е тоа можно покрај огромниот број на различен хардвер), така што проблеми се можни. Но, не се предавајте, навистина има зашто да бидете упорни. Се работи за оперативен систем кој веднаш ќе ви прирасне за срце, па сите претходни верзии ќе ви изгледаат бледи во однос на него.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.