Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Пред неполна година југоисточниот дел од Македонија беше зафатен од серија земјотреси, а минатиот месец оваа година островската држава Хаити ја погоди катастрофален земјотрес. Паралелно на нив се појавија разни предвидувања дека следува уште еден, многу посилен земјотрес. Дали навистина е можно да се предвиди земјотрес?
Земјотресот е една од најстрашните природни појави. Пред оваа застрашувачка појава човек се чувствува целосно беспомошен и немоќен, што можат да го опишат само тие што преживеале катастрофален (како скопјани) или барем посилен земјотрес (како валандовчани). Во светски рамки, во изминатиот 20 век од земјотреси во светот загинаа повеќе од еден милион луѓе. Со зголемување на популацијата на Земјата (особено во критичните региони), оваа бројка за 21 век се предвидува да биде десет пати поголема.
Пролетта 2009 год. се случија серија земјотреси во југоисточна Македонија, со епицентар во близина на Валандово. На 12. јануари 2010 год. главниот град на Хаити Порт-о-Пренс го погоди катастрофален земјотрес во кој имаше огромен број на загинати. Користејќи го стравот на луѓето пред оваа страшна природна појава, се појавија разни "експерти" кои предвидуваа многу појак земјотрес од дотогашните. Заинтригиран од овие предвидувања, направив мало истражување за да утврдам колку има вистина во истите.
Од почеток е јасно дека ако има можност за предвидување на земјотреси тоа нема да дојде од нашата земја, која соодветно на својата економска моќ посветува многу малку внимание на оваа проблематика. Ситуацијата не е многу поинаква и во светски рамки, земајќи предвид дека најголем дел од земјите погодени со земјотреси главно се земји од третиот свет. Единствено сериозни испитувања од оваа област се вршат само во двете големи држави, кои, исто така, се едни од најпогодените од земјотреси, т.е. САД и Кина.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.