Емитер 9/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
По повод 35-годишнината од првото спуштање на Нил Армстронг на Месечината, повторно се намножија написите во кои се пропагира глупоста дека тоа е една голема лага и дека досега ниту еден човек не стапнал на Месечината. Наводно, прошетките на космонаутите на Месечината биле снимени во филмски студија на Земјата!!! На Интернет можат да се најдат голем број на сајтови (од некои анонимуси), кои нудат "докази" за тоа. Оваа статија е одговор на сите тие глупости.
Повод
Непосреден повод за оваа статија беше написот “Ова е мала лага за човекот, но голема за човештвото” од новинарот В. Јовановски во месечното списание ФОРУМ, бр. 151 (август 2004). Накусо, новинарот В. Јовановски (односно - ФОРУМ) тврди дека во 1969 година Нил Армстронг, космонаутот од мисијата Аполо 11, воопшто не стапнал на Месечината, туку дека тоа е само вешто режирана измама во холивудски стил. Во неговиот текст има толку катастрофални фактички и логички грешки, што тоа единствено може да се сфати како навреда за интелектот на читателите! За да биде појасно за што станува збор, ќе цитирам еден пасус од текстот на В. Јовановски (со напомена дека на Интернет постојат мноштво сајтови во кои има бројни глупости, многу слични на следниве):
“Како прво, ниту еден друг човек од 1969 до денес не успеал да го оствари тој 'потфат' (се мисли на стапнувањето на Нил Армстронг на Месечината). И како второ: сè уште не е откриена технологија којашто ќе успее да го одлепи евентуалниот вселенски брод од површината на Месечината. Имено, сите знаеме колкави ракети се потребни за да се совлада Земјината тежа. Дури откако ќе согорат сите оние модули со течен хелиум, малото капсулче успева да се ослободи од Земјината гравитација. Приближно толкава сила е потребна и за да се совлада гравитацијата на Месечината. Таа е помала од Земјината, но е, исто така, огромна во однос на еден мал објект, какви што се космонаутските капсули. Со други зборови, човек можеби и може да се спушти на Месечината, но не може да се врати назад.”
Сè “бисер” до “бисер”!
Како прво, секое дете знае дека Нил Армстронг не бил сам на Месечината - со него бил и Едвин Олдрин! Уште повеќе, на Месечината досега биле вкупно 12 космонаути, бидејќи после Аполо 11 постоеле уште 5 други мисии кои слетале на Месечината: Аполо 12, 14, 15, 16 и 17 (во секоја мисија на Аполо, по двајца космонаути слетувале на Месечината). На пример, Аполо 17 слета на Месечината на 11 декември 1972 година.
Како второ, тврдењето дека “сè уште не е откриена технологија којашто ќе успее да го одлепи евентуалниот вселенски брод од површината на Месечината” е огромна глупост, бидејќи истата таа технологија веќе е употребувана - на пример, за “одлепување” на реалниот вселенски брод Аполо 11 од површината на Земјата, што е многу потешка работа! ...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.