Рубрика: Биологија
"Еволуција" на теоријата за еволуција
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На крај сме на јубилејната година во која се одбележуваат 200 год. од раѓањето на Чарлс Дарвин и 150 год. од публикацијата на неговата книга "Постанок на видовите", со која тој ја промовирал Теоријата за еволуцијата. Но, како таа теорија стои денес, кога се знае дека некои најнови сознанија со кои во меѓувреме науката се збогатила, излегуваат од постоечката нејзина рамка која Дарвин ја поставил пред 150 год? Консеквенциите од тоа се: проширување на Теоријата за еволуција, всушност, нејзина сопствена "еволуција" кон посовршена форма!

Дарвиновата "Теорија за еволуцијата" веќе неколку пати беше предмет на нашето списание (види текст во рамка), но за таа теорија сè уште има што да се каже. Во овој напис ќе се фокусираме на некои најнови научни откритија, кои ја прошируваат од нејзината првобитна рамка. По тој повод, еден одбор од 16 специјалисти за животни науки се собрал во летото 2008 год. во Алтенберг, Австрија, со задача да испита како Теоријата за еволуција, поставена од Дарвин пред 150 год., се однесува денес кон некои најнови научни откритија, кои во времето на Дарвин биле непознати, па денес тие излегуваат од нејзината рамка. Ова особено се однесува на откритијата во областа на генетиката. Иницијатор на состанокот беше биологот Масимо Пиључи (Massimo Pigliicci), од Универзитетот на државата Њујорк. Недвосмислен заклучок од состанокот беше дека нема скршнување од еволуциската суштина на теоријата, туку само проширување на нејзината рамка, за да може таа да ги вклучи во себе сите најнови сознанија, кои сега се надвор од неа. Со тоа Теоријата за еволуција денес го бележи својот сопствен "еволуциски скок", т.е. самата таа "еволуира" во посовршена форма.
Да се потсетиме, таа беше поставена главно врз следните Дарвинови основни начела: а) потекло на сите видови од еден заеднички предок, б) континуирана еволуција со бавни чекори и в) природна селекција. Меѓутоа, надвор од тие рамки останаа: 1.) начелото на наследноста, 2.) дефиницијата што се тоа видови? 3.) ритамот на еволуцијата и 4.) нивоата на кои дејствува природната селекција. Токму во овие насоки беа актуелни наведените проширувања на теоријата, па ќе ги проследиме по ред.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.