Рубрика: На граница на науката
Мистерии на науката: Имаат ли билките душа? (1)
Автори: Стојмир Симјаноски, Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Некои, додека ставаат вода во саксиите, со убави зборови нежно се обраќаат кон цвеќињата. Тоа повеќето луѓе го прифаќаат како сосема нормално однесување. Дури, некои тврдат дека убавите зборови упатени кон растенијата имаат благопријатно дејство врз интензитетот на расцветувањето и директно го поттикнуваат растот на билките. Од друга страна, лошите зборови, па дури и мисли, наводно имаат неповолно дејство врз билките. Дали билките навистина можат да ни ги читаат мислите? Колку од сето ова е точно, ќе дознаете од двете продолженија на оваа тема.

Сè уште постојат недоволно истражени подрачја од науката и теми за кои има различни ставови и толкувања кои ја скокоткаат фантазијата на сите љубители на науката. Во овој фељтон за мистерите на науката дебатираат најпознатиот македонски трагач по мистерии Стојмир Симјаноски и "resident science DJ" Владимир Филевски. Концептот на овој фељтон го има следниов облик: прв е текстот на Симјаноски, потоа одговорот од Филевски, а на крај евентуалната реплика од Симјаноски, на која Филевски нема право на контрареплика. Веруваме дека ваквиот концепт ќе предизвика голем интерес кај читателите, па затоа страниците на рубриката "Писма" се отворени за вашите коментари.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.