Рубрика: Информатика
AMD 785G интегриран графички чипсет
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сите оние за кои не важи приказната дека прва и главна задача на едно PC е играње игри, во суштина немаат потреба да купуваат графички картички. Чипсетовите со интегрирана графика денес стануваат сè помоќни па дури и овозможуваат и декодирање на high-definition видео. Но, тоа не е сè, тие овозможуваат и поставување на повеќе од еден дигитален видеоизлез, што значи истовремено користење на повеќе од еден монитор. АМД минатата година го претстави графичкиот чипсет 780G кој беше одлично прифатен, па затоа со појавувањето на новиот 785G чипсет, сите очекуваа задржување на нивото и висок квалитет, а очекувањето се покажа оправдано.

Партнерството на AMD со ATI, компанија која важеше како главен конкурент на NVIDIA во полето на производство на графички процесори, за многумина беше чуден и ризичен потег. Иако оваа интеграција во почетокот не донесе бенифиции од финансиска гледна точка, правецот на развојот на компанијата беше очигледен, барем за некои. Така, компанијата продолжи да биде достоен конкурент во производството на CPU и GPU, па нивните производи можат да се најдат на пазарот за доста пониски цени од конкурентните, се разбира, и со нешто послаби перформанси. Но, кога ќе се спореди тоа што AMD го нуди и цената, тогаш за многумина тоа е вистинскиот избор.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.