Емитер 9/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На 13 август 2009 г. се пронесе веста за смртта на Лес Пол; починал од компликации со пневмонијата во болница во Њујорк, опкружен со семејството и пријателите. Тој е американски музичар, иноватор и изумител, пионер во развојот на електрична гитара со цврсто тело која го направи можен звукот на роненролот. Лес Пол, исто така, е иноваторот кој најмногу придонел во развојот на повеќеканалното снимање, без кое не може да се замисли современата тонска продукција.
После дознавањето за неговата смрт, многумина уметници и музичари ја изразија својата жал преку разни медиуми. Поранешниот гитарист на Guns N’ Roses и сегашниот на Velvet Revolver, Слаш, го нарече Пол "вибрирачки и полн со енергија". Гитаристот на U2, The Edge рече: Неговата оставина како музичар и пронаоѓач ќе живеат и неговото влиајние врз рокенролот никогаш нема да бидат заборавени.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.