Емитер 12/2005.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кога кон крајот на 2000 година за прв пат се појави SATA спецификацијата, не стануваше збор за ништо друго освен за новиот HDD интерфејс. Како нова технологија таа, пред сé, се користи за комуникација помеѓу тврдиот диск и остатокот од компјутерскиот систем, а до неодамна ретко кој помислуваше на нејзина имплементација во оптичките уреди. Главна причина за тоа, пред сé, беше високата цена на вградените компоненти. Ако покачувањето на цената донекаде е прифатливо кај тврдите дискови, имплементацијата на SATA интерфејсот кај оптичките уреди е скап и непотребен додаток. Но, како што е нормално, постои исклучок кој доколку даде добри резултати се очекува наскоро да прерасне во стандард. Иако до пред неколку месеци немаше основа да се зборува за SATA базиран оптички уред, еден од водечките производители на ова поле, Плекстор (Plextor), го прави првиот чекор кон револуцијата на полето на оптичките уреди, со пуштањето во продажба на првиот DVD Dual рикордер базиран на SATA интерфејсот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.