Емитер 1/2005.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ново лансирање на Кинески сателит;
Нов начин за "набљудување" на црна дупка;
Ленд Ровер Дискавери - трет пат;
KVM преклопници;
Рема компјутери стана субдистрибутер на производите на Интел;
Apacer го најави производството на DDR2 мемориските модули;
ProCurve Networking од HP со нови гигабитни серии;
Марихуаната во борбата против ракот;
Sherwood RD-8500 - 6.1 A/B ресивер;
Whitepages телефонски именик;
Сони CDX-M9900 со награда за авто-аудиоиновација;
Новата серија на hx2000 на HPiPAQ6;
Брод со крилја - најново од областа на транспортот по вода;
На каков терен ќе слета Хајгенс;
Siemens SK65;
Астрономски речник: перихел и афел, перигеј и апогеј;
Skulls - нов вирус за мобилните телефони со СЅБМИАН ОС;
Астрономски речник: аглов степен;
Марихуаната во борбата против ракот
Иако употребата на марихуаната во нашата држава е нелегална, во голем број други држави (на пример, Соединетите Американски Држави) таа е дозволена за употреба кај пациенти, кои трпат големи болки (медицинска марихуана за пациенти во краен стадиум на рак). Но, екстрактот од билката во иднина би можел да биде основа во терапијата на ракот. Најновите откритија наведуваат дека овој екстракт може да ја намали големината на тумор на мозокот, преку блокирање на растот на крвните садови кои го хранат туморот.
Мануел Гузман (Manuel Guzman) од Универзитетот Комплутенс (Complutense University) во Шпанија и неговите колеги го тестирале екстрактот на марихуаната познат како делта-9-тертрахидроканабиолс (delta-9-tetrahydrocannabinols) на 30 глувци со тумор на мозокот. Научниците ја анализирале нивната ДНК и откриле 267 гени асоцирани со ангиогенезата (создавање на нови крвни садови). Утврдиле дека канабисот ги инхибира неколкуте гени критични за ангиогенезата, познати како васкуларен ендотелен фактор за раст – ВЕГФ (vascular endothelial growth factor -VEGF), на тој начин што ја зголемува потентноста на молекулот церамид, кој од своја страна ги инхибира клетките кои го произведуваат ВЕГФ. Со намалувањето на ангиогенезата, туморот нема доволна храна (нема нови крвни садови) за да може да расте.
Исто така, истражувачите ја тестирале оваа терапија и на двајца пациенти со глиобластома (еден од најлошите по прогноза тумори). После апликацијата на канабисот во вид на инјекции тие утврдиле намалено ниво на ВЕГФ. И покрај овие успеси, според научниците за успешна терапија на туморите на мозокот, сепак, ќе биде потребна комбинирана терапија.
Игор Неловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.