Емитер 7-8/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Просторот во којшто живееме, ние го гледаме како тридимензионален. Но, дали е тоа точно? Дали е тоа само последица од ограниченоста на нашиот ум и нашите сетила? Сигурно некогаш сте се запрашале како би изгледало доколку се најдете во внатрешноста на една црна дупка. Па, погледнете наоколу. Можеби вселената во која живееме е една огромна црна дупка.
Геометријата се занимава со формите и својствата на просторот. Геометриските својства на хомогениот простор се опишуваат со Евклидовата геометрија. Тоа е геометријата која ние ја изучуваме. Според неа, збирот на аглите во еден триаголник е 180о, низ две точки минува само една права, тоа е геометријата според која е дефинирана Питагорината теорема. Сето она што ние можеме да го забележиме околу нас, нè наведува на заклучокот дека геометријата на Евклид е геометрија со која се карактеризира нашиот простор. Но, дали може таквата интуиција да биде доволен критериум и гаранција дека нашиот простор е Евклидов, и дека системот од аксиоми и постулати на Евклид важат за овој простор? Секако, не. Она што е интуитивно и очигледно не може веднаш да се земе за објективна вистина.
Ние живееме во (барем како што нашиот здрав разум може да забележи) тридимензионален простор. Тоа значи дека положбата на секое тело во просторот може точно да се определи со помош на три координати. Овие димензии се: горе-долу, лево-десно и напред-назад. Како што знаеме, Ајнштајн воведува и четврта димензија, времето. Со тоа тој го воведува поимот за четиридимензионалниот просторновременски континуум. Сето ова е во ред, односно не се спротивставува на нашите познати закони и ништо не е против човековите сфаќања за просторот. Но, замислете си простор во кој постојат четири физички димензии.

...
Испитувајќи ја закривеноста на нашиот тридимензионален сват, би можеле да го потврдиме постоењето на четврта физичка димензија. Со тоа нашиот свет би го разгледувале како тридимензионална површина во четиридимензионален простор. Ние, како тридимензионални суштества, би се наоѓале на тридимензионалната површина на четиридимензионална хипертопка.
Како што се шири оваа хипертопка, така галаксиите се оддалечуваат од нас, колку е една галаксија подалеку, толку побрзо се оддалечува. На овој начин се објаснуваат многу познати закони од астрономијата, како што е црвеното поместување, Хабловиот закон.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.