Рубрика: Информатика
Блог (1)
Автор: Иван Софески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Доколку сакате да побарате нешто на интернет треба само да го впишете бараниот поим на некој од интернет-пребарувачите и информацијата веќе е тука. Но, процедурата да ставите свои информации на интернет е многу посложена. За да ве "видат" потребна ви е ваша веб-страница. која не е лесно да се направи. Блогот е едноставен и бесплатен начин да направите своја веб-страница.

Доколку некогаш сте се обиделе да направите своја WEB-страница, сте ја увиделе комплексноста на самиот чин. Потребни ви се доста знаење, пари, време и уште пари… Во последно време провајдерите даваат бесплатен простор кој ќе го користите во замена за реклами на вашата страница. Но, за ваква презентација сѐ уште ви е потребно многу познавање на WEB-програмирање, и многу време. Сепак, ова решение е доста корисно за оние програмери кои се слаби финансиски. Но, за изработка на основна страница, на која ќе бидат вашите основни податоци и интереси, вложениот труд не е баш исплатлив. Значи, доколку немате познавање од WEB-програмирање и средства за сопствена страница (која се наплатува за креирање и за одржување),  треба да барате друго решение.

Од пред неколку години во светот постои решение со таканаречени блог-страници, а луѓето кои ги користат меѓусебе се нарекуваат блогери. За оваа потреба на интернет постои посебен простор кој е резервиран за овие страници, и за блогерите, т.е. луѓето што ги користат. Целата оваа работа е толку интересна затоа што правењето на блог-страница е многу едноставно и, пред сѐ, е бесплатно.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина