Рубрика: Медицина
Вештачка крв
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Вековниот сон за вештачка замена за најскапоцената течност - крвта, се оствари. Напорното 25 годишно истражување на полето за замена на крвта од страна на научниците од FDA - Тексас, вроди со плод. Добиена е течна супстанца која не само што ја заменува крвта, туку и 50 пати подобро го пренесува кислородот до ткивата. Новиот течен феномен има бела боја и е наречен оксицит (Oxycyte). Оксицитот подобро го пренесува кислородот до оштетените ткива отколку хемоглобинот, затоа успешно се користи во третман на срцев напад, мозочен удар, слабокрвност и повреди на продолжениот мозок.

Крвта е единствениот течен орган во човечкото тело. Нејзиниот вкупен волумен изнесува околу 7% од масата на човекот, што значи човек со маса од 80 kg има 5.6 l крв. Оваа вредност е нешто помала кај женската популација. Крвта циркулира низ затворен систем на артерии, вени и капилари, со помош на механичката енергија добиена од контракциите на срцевиот мускул. Основна цел на крвта е да врши транспорт на кислород и хранливи материи до ткивата и органите, а да ги враќа јаглеродниот двооксид и деградационите продукти на метаболизмот од клетките. Крвта исто така е  транспортер на хормоните, витамините и антителата, а претставува регулатор на телесната температура и киселоста, т. е. pH вредноста. Заштитната улога на крвта е содржана во борбата против инфекции, како и процесите на нејзиното згрутчување и слепување на тромбоцитите при крварење.

Секако една од најважните финкции на крвта за одржување во живот на човечкиот организам е нејзиниот волумен и транспортот на кислород до оддалечените ткива. Со својот волумен и својата нестисливост како течност, со помош на контракциите на срцето обезбедува соодветен притисок врз крвните садови. За обезбедување на доволен крвен притисок е потребна доволна количина на крв и адекватна контракција на срцевиот мускул. При крварења, количината на крвниот волумен се намалува. Ако крварењето настане акутно и се изгубат поголеми количини наеднаш, недостатокот на време да се активираат адаптивните механизми – резултира со фатален крај.

При повреда на ткивото поради траума, скршеница, исекотина, крварење или изгоретина, одбранбен механизам на васкуларната капиларна мрежа за да го редуцира крварењето е вазоконстрикцијата. Овој ефект, толку корисен и витално значаен, толку има и штетен одраз врз ткивото – намален дотур на кислород поради намалениот пречник на крвниот сад кој се бори против крварењето. При апликација на Оксицитот, поради неговите карактеристики, дотурот на кислород не е намален и покрај стеснувањето и оштетувањето на крвните садови.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.