Рубрика: Аеронаутика
МиГ 21 - име што значи ловец
Автор: Марјан Трајков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По Втората светска војна ривалството во новиот свет, поделен меѓу Истокот и Западот, водеше кон забрзан развој на нови технологии во сите сфери на воената индустрија, што особено беше изразено во аеронаутиката. Развојот на суперсоничните ловци, технологијата на турбомлазни мотори со комори за дополнително согорување, стрелести и делта крила, радарите, електрониката, изразена преку ламбите и транзисторите, катапултирачките седишта и реактивните проектили за дејство по цели во воздух, на земја и море, поттикнаа повеќе правци и можности за експериментирање, а со тоа појава на ловци со исклучителни можности, кои својата намена можеа да ја исполнат во потполност. МиГ-21 скоро половина век опстојува рамо до рамо со сите конструкции за слична намена, а со потенцијалот кој сé уште нуди можности за развој прерасна во легенда која заслужено се поистоветува со епитетот ловец.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.