Рубрика: Астрономија и астронаутика
Процесите во меѓугалактичкиот гас
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со набљудувања на галактичките јата во радио и во X-зрачно подрачје, астрономите откриле интригантни појави кај меѓугалактичкиот гас, поврзани во циклусен космички процес, диригиран од супермасивна црна дупка во центарот на централната галаксија во јатото.

Најголеми објекти во универзумот, кои “заслужуваат” да бидат наречени “објекти”, се галактичките јата. Имено, галаксиите не се расфрлани во универзумот, туку се групирани во т.н. јата, секое со по приближно илјада галаксии, опкружени со невидлива т.н. “темна материја”. Јатата се кохерентни структури со урамнотежена динамика помеѓу силата на гравитацијата и силата која ја принудува вселената на експанзија – “темната енергија”.

Шематски приказ на галактичко јато со неговите жители: околу илјада галаксии опфатени во топка од врел меѓугалактички гас (црвена боја), како пчели во кошница.

Но, галаксиите не се единствени жители на галактичкото јато, тука е и меѓугалактичкиот гас. Тој е мошне врел гас, кој, иако не изгледа така, содржи поголема вкупна маса отколку што е вкупната маса од сите ѕвезди во сите галаксии во јатото. Меѓутоа, тој е невидлив во оптичко подрачје, но е “видлив” во X-зрачно подрачје, а бидејќи X-зраците не поминуваат низ атмосферата на Земјата, тој може да се проучува само со орбитални опсерватории. Во тој гас се одвива еден мошне интригантен циклусен процес, кој досега им задавал големи главоболки на космолозите.

Мистериозно исчезнување на материјата од меѓугалактичкиот гас. Кога тој се лади, струи кон внатрешноста на јатото, каде за време од милијарда години депонира материјал за билион нови ѕвезди, но тие досега не се видени. Каде исчезнал тој материјал?

Приказната за тој циклусен процес започнува со сознанијата од пред две децении, кога астрономите започнале да ги набљудуваат галактичките јата во X–зрачно подрачје со опсерваторијата “Ајнштајн”, лансирана од НАСА. Со анализа на X–зраците кои ги емитува гасот, добиени се првите сознанија: тој емитува многу повеќе енергија во периферните зони на галактичкото јато отколку што емитува во зоните близу центарот на јатото. Тоа е индикација дека врелиот гас ладејќи се постепено струи од периферијата на јатото кон неговиот центар. Астрофизичарите пресметале дека ако ова струење трае континуирано во текот на милијарда години, тоа ќе депонира во центарот на јатото материјал за билион (1012) нови ѕвезди. Меѓутоа, потрагата по “орди” од такви нови ѕвезди остана со “празни раце”. Ако тој материјал е “проголтан” од црна дупка лоцирана во центарот на централната галаксија, таа црна дупка би имала поголема маса од вкупната маса на билион ѕвезди, но ниедна црна дупка не е толку масивна. Така парадоксот остана: жешкиот гас се лади и постепено струи кон центарот на јатото, но конечниот продукт од тоа струење, на некој мистериозен начин, одбегнува да биде детектиран...

Клучни зборови:
Шематски приказ на галактичко јато со неговите жители

Шематски приказ на галактичко јато со неговите жители: околу илјада галаксии опфатени во топка од врел меѓугалактички гас (црвена боја), како пчели во кошница.

Мистериозно исчезнување на материјата од меѓугалактичкиот гас

Мистериозно исчезнување на материјата од меѓугалактичкиот гас. Кога тој се лади, струи кон внатрешноста на јатото, каде за време од милијарда години депонира материјал за билион нови ѕвезди, но тие досега не се видени. Каде исчезнал тој материјал?

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.