Рубрика: Информатика
Софтвер за бришење на податоци
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако некој помисли дека се работи за погрешно напишан наслов, веднаш да го демантирам. Точно е напишано - софтвер за бришење податоци. Можеби ќе се запрашате зошто некој воопшто би правел софтвер со кој ќе се бришат податоците, кога целата процедура е многу едноставно решена - се означува датотеката која сакаме да ја избришеме, го притискаме копчето Делете на тастатурата и готово. Избришано! Но, како што имавте можност да прочитате во минатиот број на ЕМИТЕР, постои софтвер кој користи посебни процедури и алгоритми со што овозможува враќање на избришаните податоци. Е затоа сега темата е обратна - елиминирање на ефикасноста на ваквите програми за враќање податоци!

Ако се прашувате зошто воопшто постои ваков софтвер, одговорот е следниов. Замислете дека сте вработен во компанија која има голема мрежа на компјутери. Нормално, секоја компанија работи со податоци кои се само за нивна употреба и не би сакала тие да дојдат до рацете на некоја конкурентна компанија или барем во рацете на некој кој подоцна може да ги искористи. Сигурносните мерки и заштита на податоците се друга тема за која сега нема да дискутираме. Како и да е, со текот на времето разни проекти на кои претходно се работело а сега само зафаќаат место на тврдиот диск, треба да се складираат, да речеме, на CD/DVD, а потоа да се избришат од тврдиот диск. Но, како што видовме (ЕМИТЕР 7-8/08), бришењето не е баш сигурна работа - секогаш постои можност да се изврши враќање на истите. Злонамерни секогаш има, па затоа еве место за употреба на софтверот за бришење податоци.
Изборот на софтвер за оваа намена и не е така голем - најекспонирани зе Eraser и Clean Disk Security и токму тие се предмет на овој напис.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.