Рубрика: Физика
Мистериите на вакуумот
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Празниот вселенски простор-вакуум не беше отсекогаш мистичен, каков што е денес. Некогаш на него физичарите гледаа како на безлична празнотија во која апсолутно нема ништо, но со "раѓањето" на квантната физика работите се изменија: се откри дека "ништото" (вакуумот), сепак, содржи "нешто".

Со квантната механика физичарите успешно се служат од пред неколку децении, но дури во последните 10 год. вакуумот стана место на збунувачки мистерии, кои физичарите сè уште се трудат да ги одгатнат. Имено, квантната теорија предвидува празниот вселенски простор да биде "филуван" (исполнет) со безброј виртуелни честички, кои рапидно се појавуваат и исчезнуваат слично како некаков невидлив огномет. Тие виртуелни честички не се само теоретска апстракција, туку многу повеќе од тоа. Имено, за нивна идентификација физичарот Хендрик Казимир (Hendrik Casimir) сугерираше прост експеримент уште пред шеесетина год., кој ќе покаже дека виртуелните честички можат да поместуваат објекти во реалниот свет.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.