Емитер 4/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Наспроти волтметарот и осцилоскопот со кои може аналогно да се следи напонското ниво, логичката сонда е типичен дигитален инструмент. Таа овозможува брза и едноставна проверка на логичката состојба во одредена точка на дигиталните кола.
За разлика од многу комерцијални логички сонди, сондата опишана во овој напис е прецизен дигитален инструмент кој користи аналогна техника за детекција на напонското ниво. На тој начин се овозможува точна индикација на сите логички состојби што може да се јават на излезот на дигиталните кола, независно на која фамилија припаѓаат. Релативно малиот број употребени компоненти и едноставната електрична шема овозможуваат минијатуризација на сондата, така што таа може да се изработи како џебен инструмент. За да може да работи, на сондата ѝ е потребен извор за напојување. Овој мал недостаток е нужно зло кое овозможува користење на сондата во широк опсег на TTL и CMOS фамилиите на логички кола. Напојувањето за неа треба да се земе од колото што се испитува, при што напонот за напојување може да прими која било вредност помеѓу 3,6V и 15V. Логичката состојба се отчитува на двобојна лед диода. На тој начин се добива визуелна индикација за сите три логички состојби што можат да се јават на излезот на логичките кола: високо логичко ниво, ниско логичко ниво и состојба на висока импеданса или на недефинирани нивоа, кога напонското ниво лежи помеѓу прифатливите вредности на напонот со кои се дефинираат високото, односно ниското логичко ниво. Уште повеќе, со промена на нијансата на жолта боја, двобојната лед диода овозможува грубо следење на факторот на исполнетост (duty cycle) на пулсирачките сигнали.
Прагови на префрлање:
- maxUol = 0,12 Usup за двете фамилии логички кола;
- minUoh = 0,48 Usup за TTL фамилијата логички кола;
- minUoh = 0,86 Usup за CMOS фамилијата логички кола;
Напон за напојување:
- Usup = 3,6 ....15Vdc
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.