Рубрика: Омнибус
Научни "Топ-теми" во 2007 г.
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Следејќи ги достигнувањата во областа на науката, неколку американски научни списанија објавија ранг-листи на научни остварувања и сознанија, кои биле "топ-теми" во 2007 година. Нивните листи меѓусебно се разликуваат, но тоа е поради големата конкуренција. Особено долга е листата на списанието Discover, таа содржи дури 100 теми. Нивните листи ги објавуваме во целост во рамки, а според нашите просторни можности од сите нив одбравме 15 теми, кои ги опфативме со кусо објаснување на нивната суштина.

Работејќи го овој материјал имавме неблагодарна задача, помеѓу мноштвото теми, објавени во ранг-листите на трите најекспонирани американски научни списанија, Discover, Science и Wired, да издвоиме 15 теми, колку што ни дозволуваат нашите просторни можности. Имено, сите теми се речиси приближно еднакво актуелни, па конкуренцијата помеѓу нив е речиси изедначена. Поради тоа изборот го направи наша работна група од 4 члена, секој со свое поединечно рангирање на сите теми, од што произлезе една, да ја наречеме ЕМИТЕР ранг–листа, од која ги зедовме предвид прворангираните 15 теми. Но, тоа никако не значи дека токму тие се најголемите достигнувања. Впрочем изедначеноста на темите по ранг се гледа и од големите разлики во котирањето на одделни теми во одделни матични ранг-листи на списанијата. Поради тоа, во идните броеви на ЕМИТЕР, сукцесивно ќе објавуваме во вид на инфо или напис, и други теми, надвор од овие 15, а некои од нив, веќе објавивме во нашите претходни изданија. Сега да ги проследиме 15-те теми од нашиот избор.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.