Рубрика: Астрономија и астронаутика
Почетен курс по астрономија (1): Астрономијата од праисторијата до XVIII век
Автор: Цветко Неделковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Астрономијата или науката за ѕвездите е најстарата природна наука, која се развива со првите земјоделски заедници на човекот. Користена првично како наука која се занимава со одредување на годишните времиња, за подоцна да се развие во наука која ќе ги набљудува и проучува ѕвездите и со тоа ќе придонесе за развојот на другите природни науки. Целта на овој текст ќе биде да ја побуди љубопитноста на сите луѓе кои се заинтересирани да дознаат нешто повеќе за астрономијата и нејзиното влијание врз модерниот начин на живот.

Секој од нас барем еднаш погледнал нагоре кон ѕвездите и си помислил како би изгледало да се патува меѓу истите. Сепак, патот до денешниот развој на астрономијата бил долг и макотрпен, но доста плоден и со огромни откритија кои засекогаш го промениле начинот на кој се размислувало, се размислува и ќе се размислува. Но, да почнеме од почетокот. Многумина мислат дека астрономијата своите почетоци ги има во периодот на старите философски дела на античките Грци, но факт е дека астрономијата, всушност, се развива паралелно на различни континенти во ист временски период. Најзначајни цивилизации кои ги удриле темелите на астрономијата се: Месопотамија (Вавилон), Египет (Теба), Маите (Чичен Ица), Индија, Кина, Камбоџа, Инките и многу други помалку познати цивилизации.

Исправки и дополнувања:
Исчезнат текст

На стр. 19 на почетокот на втората колона поради технички пропуст недостигаат следниве неколку реда текст означени со здебелени букви: Најзначаен арапски астроном е Ал Бируни (973 н.е. - 1048 н.е.), кој ќе развие метод со кој може да се измери радиусот на планетата Земја. Тоа го направил во Индија каде се искачил на рид висок 324 метри, го измерил аголот кој го зафаќал ридот со некоја точка во далечината и го утврдил радиусот на Земјата....
Се извинуваме поради овој пропуст.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.