Рубрика: Аеронаутика
Супер Бланик Л-23
Автори: Перица Поповски, Гоце Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Едрилицата Супер Бланик Л-23 му е позната на секој пилот од балканските простори, но и на многумина пилоти ширум светот. Причина за ова е што таа е една од најквалитетните, најбезбедните и најшироко распространетите едрилици за почетна обука и тренажа на пилоти. Присутна е во многу аеро клубови, но и во професионални цивилни и воени пилотски училишта.

Воздухопловното едриличарство, како гранка на воздухопловните спортови, претставува незаменлива алка во развојот на воздухопловните кадри. Во многу земји, а по тој терк и во поранешните југословенски простори, обуката на идни воздухопловци и професионални пилоти започнуваше во аероклубовите. Но, без оглед на тоа, сите професионални пилоти прво го поминуваа курсот за основна обука во едриличарство. За некои тоа беше само придружна работа која мора да се помине за да се дојде до главната цел, моторен и професионален пилот, но за некои, остана вечна љубов која ја негуваа до крајот на својата летачка кариера.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.