Рубрика: Информатика
Ловци на овци
Автор: Костадин Солаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во полето на безбедноста на компјутерските системи, фишингот (анг. Phishing) е криминален акт со кој одреден измамник се обидува да добие доверливи информации како што се корисничко име, лозинка, број на сметка и ПИН на кредитна картичка или какви било финансиски информации. Измамата најчесто се одвива преку електронска пошта, но се почесто се користат и сервисите за инстант-пораки (MSN, Skype, Yahoo Messenger…). Содржината на пораките зависи од целта на измамникот, па така пораката може да изгледа како да е испратена од некој социјален сервис (YouTube, Facebook, MySpace), сервис за електронско банкарство (PayPal, Moneybookers, 24x7.com.mk, итн.) или, пак, од страна на систем адми-нистраторот во вашата компанија. Целта на овие пораки е наведување на корисникот до лажен веб сајт кој изгледа исто како и оригиналниот, каде што корисникот ќе треба да ги внесе податоците кои измамникот сака да ги извлече од него.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.