Рубрика: Еурека
Нумеричка анализа на индуцирани струи во човечките органи
Автори: Цветанка Билбилоска, Елена Тодорова, м-р Бојан Глушица, д-р Андријана Кухар
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нумеричка анализа на индуцирани струи во човечките органи

Електромагнетните полиња создадени од високонапонските далноводи често се предмет на јавен интерес поради потенцијалното влијание врз човечкото здравје. Од тие причини извршена е нумеричка анализа на интеракцијата помеѓу нискофреквенциското електромагнетно поле од трифазен 110 kV далновод и човечкото тело. Анализата е базирана на тродимензионална компјутерска симулација реализирана во софтверскиот пакет CST Studio Suite, при што е конструиран поедноставен модел на човечко тело составен од повеќе органи со реалистични електрични својства. Истражувањето се фокусира на внатрешните електрични полиња и густините на струи кои настануваат како последица на електричната и магнетната компонента на полето од далноводот. Резултатите покажуваат дека највисоките вредности на густината на струја се јавуваат во периферните делови на телото, особено во екстремитетите и пределот на вратот, додека вредностите во внатрешните органи се значително пониски. Електричната компонента на полето од далноводот има доминантен придонес во создавањето на струите во споредба со магнетната компонента. Добиените вредности се повеќекратно пониски од ендогените биоелектрични струи присутни во човечкото тело, како и од граничните нивоа утврдени со меѓународните препораки. Овие гранични вредности се засноваат на научно потврдени акутни биолошки ефекти од изложеноста на нискофреквенциски електромагнетни полиња, додека долгорочните здравствени ефекти од изложеноста на нискофреквенциски електромагнетни полиња се предмет на научни истражувања. При анализираните услови, во однос на краткорочната изложеност, добиените резултати не укажуваат на значајни здравс­твени ризици, но потребни се дополнителни истражувања кои би овозможиле поцелосна проценка преку анализа на различни положби на телото и конфигурации на далноводи.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.