Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во изминативе неколку години, начините на учење и перцепција на математиката доживеаја значителни трансформации. Од класично решавање задачи со молив и хартија, преку дигитални алатки и интернет-ресурси, до денешната примена на вештачката интелигенција, математиката постојано се прилагодува на технолошкиот развој.
Кога пред три децении започна да излегува списанието Емитер, математиката се учеше на начин кој денес за многумина изгледа речиси старомодно – со молив, тетратка, збирка задачи пред себе и многу размислување и трпение. Решавањето задачи беше побавен, но длабок процес, а секоја грешка беше дел од учењето. Денес, истата задача може да биде решена за неколку секунди со помош на компјутер или апликација заснована на вештачка интелигенција.
Оваа значајна трансформација отвора клучно прашање: дали новите технологии навистина ни помагаат подобро да ја разбереме математиката? Дали таа станува полесна или само побрзо стигнуваме до одговори и решенија, без длабинско разбирање на процесот?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.