Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Вештачката интелигенција (ВИ) повеќе не е термин кој го користат само они кои тоа го учат или работат. Не, таа е насекаде, многу повеќе од што можете да видите, па дури и да претпоставите. Работи во позадина, предлага решенија, учи и се надградува, а доколку најде соодветен партнер во човекот и неговата „природна” интелигенција, тогаш за таа симбиоза практично и да нема ограничувања. Одамна ВИ излезе од виртуелниот свет и сега е алатка во секоја индустрија, но за потребите на овој текст ќе се фокусираме на нејзината примена во дигиталниот маркетинг.
Во „далечното” минато, таму некаде пред околу 2-3 децении кога интернетот почна да навлегува се подлабоко во секојдневното живеење на обичниот човек, започна да се раѓа и една нова индустрија – дигитален маркетинг. Ако треба некако, во една реченица, да го дефинираме дигиталниот маркетинг тоа би било користење на најразлични онлајн платформи, канали и алатки за презентација и промоција на производи, услуги и брендови пред претходно дефинирана целна публика, Така се појавија и првите дигитални маркетари кои од денешна перспектива, со расположливите алатки и ресурси кои ги имаме денес, потсетуваат на првите луѓе кои само што го откриле тркалото и се плашат од огнот (без навреда колеги, авторот на овие редови е еден од нив =ØÞ )
Дигиталниот маркетар работеше со тоа што го имаше на располагање: секојдневни извештаи од неколку платформи, алатки како Ексел други офлајн и онлајн алатки за работа и презентација на податоци и пред се потпирајќи се на знаењето и искуство при носење на одлуки за следни чекори или средства за да се реализираат тие чекори. Како што се зголемуваа достапните канали и платформи, но и публиката чиј број растеше од минута во минута, комплексноста и големината на тие извештаи експоненцијално се зголемуваше, полека достигнувајќи го лимитот на „природната” интелигенција во предизвикот да се справи со сите нив, за кратко време. Проблемот не беше тоа дали има доволно податоци, туку тоа што има премногу информации од премногу места.
И потоа дојде ВИ, решена тука и да остане...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.