Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
ГИС е технологија што се користи за креирање, управување, анализа и мапирање на сите видови податоци. Таа преставува компјутерски систем за снимање, складирање, проверка и прикажување на податоци поврзани со позициите на површината на Земјата. ГИС може да прикаже многу различни видови податоци на една мапа, како што се улици, згради и вегетација. Ова им овозможува на луѓето полесно да ги видат, анализираат и да ги разберат шемите и односите меѓу внесените податоци.
ГИС ги поврзува податоците со мапа, интегрирајќи ги податоците за локацијата (каде се наоѓаат објектите, зеленилото, улиците...) со сите видови описни информации. Ова обезбедува основа за мапирање и за анализа што се користи во науката и во речиси секоја индустрија. ГИС им помага на корисниците да разберат шеми, односи и географски контекст. Придобивките вклучуваат подобрена комуникација, ефикасност, управување и донесување на важни одлуки за некоја компанија или институција.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.