Рубрика: Информатика
Автоматизација на дата центри со RFID технологија
Објавено на 26.10.2023 - 14:00

Неодамнешните истражувања покажуваат дека автоматизацијата на центрите за податоци со RFID следење може да ја зголеми продуктивноста 15 пати, а истовремено го намалува ангажманот на вработените околу залихата на средствата за дури 90 проценти.

Достапни се сеопфатни IoT решенија за автоматизација на центрите за податоци. Тие се дизајнирани да помогнат во идентификување, следење и обезбедување на ИТ средствaта со многу мала човечка интервенција. Како такви, се справуваат со предизвиците за зголемување на точноста на залихите и намалување на времето и физичкиот труд.

Зошто да имплементирате токму RFID?

Според направените анализи на потребното време на пример на траење на попис на 10000 ИТ средства резултатите се следни:
• Со рачно пребројување: 50 часа
Баркод: 16 часа
• RFID: 4 часа

Следење на средства со RFID во податочните центри

RFID овозможува прецизно сериско читање, автоматско скенирање низ критичните области како што се магацини, серверски соби и слично. Безжичната технологија значи дека информациите за идентификација може да се собираат без потреба да се повлекуваат серверите од нивните рак кабинети, на далечина, и со голема брзина и точност. Покрај побрзите и попрецизни залихи на дата центрите, RFID овозможува видливост и следење на средствата во реално време, и не само што ја подобрува ефикасноста, туку и им помага на компаниите да ги исполнат правните, регулaторните и финансиските обврски поврзани со управувањето со средства и безбедноста.

Вистинскиот RFID за вашиот data center менаџмент софтвер

Типичен систем за RFID центри за податоци се состои од ознаки и етикети, фиксни и рачни RFID читачи, а потоа и софтвер за споделување податоци со постоечките процеси и системи. Достапни се различни големини, форми, опции за монтирање и нивоа на изведба на ознаки за RFID тагови.

КАБТЕЛ е пионер во индустрискиот RFID, кој на пазарот нуди иновации кои овозможуваат напредни индустриски решенија за идентификација и автоматизација, со искуство во повеќе имплементирани бројни custom-made решенија од областа на автоматизацијата и останатите сегменти на Индустриската револуција 4.0.

Повеќе за РФИД бенефитите, може да дознаете тука

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: