Рубрика: Омнибус
Ин мемориам Миле Серафимовски (1942 – 2025)
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 17.10.2025 - 19:30

Со голема тага ја примивме веста дека нашиот долгогодишен соработник и пријател Миле Серафимовски почина.

Дипл. инженер Миле Серафимовски, попознат и како Миле Кумановац, е роден во Куманово  на 1.12.1942 година. Основно и средно образование заврши во својот роден град кој многу го сакаше, а таа љубов ја изразуваше и така што најубаво се чувствуваше кога го говореше кумановскиот дијалект.

Во 1969 година, дипломира на Електротехничкиот факултет во Белград, отсек телекомуникации, по што се вработува во Македонската телевизија (тогашна ТВ Скопје) каде како прв дипломиран инженер ги удира темелите на тонската проблематика. Тука, целиот работен век работеше во проблеми, решенија и експлоатација на тонските уреди. Вреден и трудољубив, секогаш подготвен своите знаења да ги сподели и пренесе на своите колеги, особено на помладите генерации.

Миле Серафимовски (лево) со Ламбе Стојановски (десно),  техничар со кој работеше цел работен век

Миле Серафимовски со колегите Џартов, Орце и Петруш Георгиевски на изложба на аудио опрема во Париз

Тонскиот сигнал на ТВ Скопје, беше високо оценет од Комисијата за мерење на тонски сигнали во ЈРТ и Евровизија, токму благодарение на трудот на Миле и на дипл. инжинер Петруш Георгиевски, еден од најдобрите инженери за тон. Обајцата беа и членови на тие комисии од Македонија и се надополнуваа – Миле во одржување на уредитем а Петруш во експлоатација на опремата.

Во својот работен век во Македонската телевизија Миле Серафимовски беше инволвиран во тонските решенија на студијата и режиите на МТВ во Старата телевизија; во тонските решенија на студијата и режиите  на МТВ во новиот РТВ дом заедно со дипл. инженер Зоран Тасиќ, дипл. Инжинер Љупчо Пановски и други; во тонските решенија во ТВ репортажните коли и линковите на МТВ; во создавањето на тон во разни ТВ емисии; во одржување и набавка на тонска опрема (миксети, микрофони итн.)

За квалитетот на неговата работа во сегментот одржување, говори и примерот кога во една прилика во студиото 1 на МТВ стручни лица дојдени во посета се чудеа како тоа тонската миксета инсталирана пред 20 и кусур години сè уште одлично функционира, при што понудиле и две нови миксети во замена за неа.

Во целиот работен век Серафимовски постојано учеше и се надградуваше, но учеше и млади кадри. Околу 10 години предаваше во средното стручно електромашинско училиште “Никола Тесла” во Скопје. Неговите ученици беа генерации кои не се повторија.

Миле Серафимовски беше и еден од постарите соработници од областа на аудио и видео техниката во списанието ЕМИТЕР, вклучувајќи се во редакциската работа во 1997 година, најнапред со објава на извадоци од неговата книга “Мерење на тонската модулација” во издание на МРТ, а потоа и со пишување на нови оригинални написи, па во овие повеќе од 20 години во печатеното издание на ЕМИТЕР ги  имаше повеќе од 100. Некои од нив беа незаобиколна литература за секој што сака сериозно да работи во областа на професионалната аудиотехника – како серијалот Сервисирање на аудиоуреди или теоретските написи начинот на којшто функционираат специфични аудиоуреди.

Миле Серафимовски е автор на првата книга во издание на ЕМИТЕР, Обработка на аудиосигналот (1999). Слика од промоцијата на книгата

Неговиот серијал “Во посета на аудиостудијата во Македонија” ќе останe како трајно сведоштво за македонската креативна музичка сцена и опремата со која се снимени добар дел македонските незаборавни поп-рок хитови и новокомпонирани народни песни. Покрај ова Миле Серафимовски е автор и на две брошури “Микрофони” и “Акустика на простории” во издание на ЕМИТЕР, како и на уште една стручна книга “Обработка на аудиосигналот”, кои природно се надоврзуваат и извираат од неговата практична работа, теоретските познавања на проблематиката и долгогодишната соработка со ЕМИТЕР.

Од редакциските дружби што ЕМИТЕР ги организираше во просториите на Аеро клубот Скопје

Како човек беше човек со големо „Ч“, одличен другар, соработник и пријател. Сакаше многу да чита и читаше сè – од новини до романи...

Почина на 26 септември 2025 година во Торонто на 83 години, по подолго боледување.

Клучни зборови:
Миле Серафимовски (лево) заедно со Љубчо Пановски професор на факултет

Миле Серафимовски (лево) заедно со Љубчо Пановски професор на факултет

Миле (лево) и Ламбе (десно)  на работно место

Миле (лево) и Ламбе (десно) на работно место

Миле Серафимовски со колегите Џартов, Орце и Петруш Георгиевски на изложба на аудио опрема во Париз

Миле Серафимовски со колегите Џартов, Орце и Петруш Георгиевски на изложба на аудио опрема во Париз

Миле Серафимовски (десно) со Ламбе Стојановски (лево),  техничар со кој работеше цел работен век

Миле Серафимовски (десно) со Ламбе Стојановски (лево),  техничар со кој работеше цел работен век

Од редакциските дружби што ЕМИТЕР ги организираше во просториите на Аеро клубот Скопје

Од редакциските дружби што ЕМИТЕР ги организираше во просториите на Аеро клубот Скопје

Од редакциските дружби што ЕМИТЕР ги организираше во просториите на Аеро клубот Скопје

Од редакциските дружби што ЕМИТЕР ги организираше во просториите на Аеро клубот Скопје

Од промоцијата на првата книга во издание на ЕМИТЕР, Обработка на аудиосигналот (1999)

Од промоцијата на првата книга во издание на ЕМИТЕР, Обработка на аудиосигналот (1999)