Во јули беше објавена првата популациска кохортна студија од Италија, а веќе излезе од публикација и нова, многу поголема студија од Јужна Кореја која ги потврди загрижувачките резултати: вакцинираните со Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Џенсен имале статистички значајно повисоки стапки на заболеност од повеќе видови рак во однос на невакцинираните. Сигналот е конзистентен за сите типови вакцини, за двата пола и за различни возрасни групи.
За поврзаноста на mRNA вакцините со зголемен ризик од воспаление на срцето и ковид инфекции веќе е пишувано во Емитер (овде и овде). Во овој текст, ќе дадеме осврт на две најнови студии кои ги поврзуваат mRNA вакцините (Фајзер, Модерна) и вакцините со вирусен вектор (АстраЗенека, Џенсен) со зголемен ризик од рак.
Во Италија, речиси 300.000 жители биле следени 30 месеци, и анализите покажале дека оние кои примиле mRNA вакцини имале зголемен ризик од рак во целина. Статистички значајно зголемени стапки се најдени за рак на дојка, рак на мочен меур и колоректален рак. Трудот беше објавен во списанието EXCLI Journal на почетокот на јули.
Прилагодени релативни ризици (HR) и 95% интервали на доверба (CI) од хоспитализација за сите видови на рак и одбрани видови на рак, според изложеност на ≥ 1 или ≥ 3 дози на вакцина и според времето на доцнење. Невакцинираната група е референтна категорија за сите анализи.
Пред неколку дена, втора - и многу поголема - популациска кохортна студија од Јужна Кореја, објавена во списанието Biomarker Research ги потврди и прошири овие наоди. Статистички бил обработен огромен примерок од повеќе од 8,4 милиони луѓе. Ова е една од најмоќните бази на податоци што некогаш биле анализирани во врска со ризиците за рак.
Резултатите се впечатливи. Откако биле земени предвид возраста, полот, коморбидитетите, нивото на приход и претходната инфекција со ковид, вакцинацијата против ковид била поврзана со значително зголемување на повеќекратни видови на рак, при што сигналот бил конзистентно силен кај сите платформи за вакцинација, за двата пола и за различни возрасни групи.
Слики извадени од трудот: релативни ризици поврзани со ковид вакцините за 29 видови рак, кумулативна стапка на рак за вакцинирани и невакцинирани, збирни релативни ризици за секој тип вакцина, и стапки на рак стратифицирани по пол и возраст.
Дизајн на студијата
Толкување: HR од 1,53 за рак на белите дробови значи дека вакцинираните лица развиле рак на белите дробови со стапка 53% повисока од невакцинираните врсници, во истиот едногодишен период на следење. Слични толкувања важат за секој тип на рак.
Според платформата за вакцини
Толкување: Зголемените ризици од рак не биле ограничени на една платформа за вакцинација. Без разлика дали станува збор за аденовирусен вектор (cDNA), mRNA или мешани распореди, секој тип на вакцина биле поврзан со мерливо зголемување на вкупниот број на рак - и секој бил асоциран со специфични видови рак. Со други зборови, ниедна технологија за вакцина не била ослободена од ризик од рак во овој збир на податоци.
Вкупни релативни ризици според тип на вакцина или мешан распоред.
Толкување: Бустер дозите биле поврзани со значително поголем ризик од рак на желудник и панкреас. За рак на панкреас, ризикот се зголемил повеќе од двојно кај лицата со бустер дози.
Толкување: И целокупните и резултатите специфични за локацијата покажуваат конзистентен модел - секоја демографска група доживеала зголемен ризик од рак, иако видот и апсолутното оптоварување варирале. Жените и постарите лица биле најтешко погодени, но ниту еден сегмент од населението не бил поштеден.
Кумулативна стапка на рак за вакцинирани и невакцинирани и стапки на рак за вакцинирани и невакцинирани стратифицирани по пол и возраст.
Единствените две кохортни студии на ниво на популација кои ја испитувале поврзаноста на вакцинацијата против ковид и ракот - една во Италија и една во Јужна Кореја - открија значителни зголемувања на ризикот од рак . Италијанската студија (≈300.000 луѓе, 30-месечно следење) идентификуваше значително зголемување на вкупниот ризик од рак, рак на дојка, мочен меур и колоректален карцином. Јужнокорејската студија (8,4 милиони луѓе, 1-годишно следење) ги потврди и прошири овие наоди, документирајќи зголемен ризик од целокупен рак плус шест специфични видови на рак (бели дробови, простата, тироидна жлезда, желудник, колоректален карцином и дојка).
Критично е што сигналот е забележан кај сите типови вакцини - и вакцини со mRNA и вакцини со вирусен вектор (cDNA) - и кај секоја анализирана демографска група.
Прашање е каква ќе биде реакцијата на владите, регулаторите, лекарите и истражувачите на глобално ниво. Всушност, елементарно прашање е дали воопшто ќе ја има.