Емитер 207 - 12/2024.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој напис ги разгледуваме проблемите околу педалирањето на велосипед кај два нови механизми проектирани да го зголемат ефектот т.е. полезноста на вложената мускулна сила од возачот пренесена на погонското тркало на велосипедот. На прво гледање ми стана сомнително не од аспект на „цедење” на мускулната сила на велосипедистот сведено на математички релации, туку од аспект на вкупна долгорочна ефикасност на погонот по велосипедистот во однос на класичниот погон. Истражив и дојдов до терминот NuBike. Се консултирав и со професор од ФФОСЗ, па тука ќе ги изнесам моите размислувања за оваа новина.
Човечкиот дух никогаш не мирува и никогаш не се задоволува на долг рок со некоја состојба или решение. И тоа е нормално. Еден одличен механизам за пренос на силата од стапалата на возачот кон задното погонско тркало на велосипедот сѐ уште не е дораснат до совршенство кое не може да се подобри за некои немирни духови. Така се појавуваат нови и нови решенија на трансмисијата кај велосипедите. Вообичаено тоа се лостови механизми (види слика 1), со релативно сложена кинематика. Колевката им е САД. Таквите велосипеди се познати под заедничкото име NuBike и веќе ги има во трговската мрежа. За да видиме за што се работи и дали го имаат оправдано своето присуство на пазарот ќе мораме да ја разгледаме класичната трасмисија на велосипедот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.