Рубрика: Автомобилска техника
Хајкер моторцикл
Автор: Влатко Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 207 - 12/2024.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Поделбата на мотоциклите мо­же да биде според намената, из­глед­от, моќноста и друго. Спорт­ските правила прават една по­дел­ба, комерцијалните промоции дру­га, прописите, технич­ките лица и клубовите некоја своја поделба, а компаниите си тераат по свое. Моторциклот CFMOTO V5 (Legacy) од мал патнички мотор, налик на ми­ни крузер и градски скутер, нап­равен е „Хајкер” што подналикува на скрам­блер и/или дуал-спорт, предвиден за возење по суви окол­ни патишта со и без асфалт. Не припаѓа во ниту една кате­го­рија мотоцикли, поточно се соз­дава нова „мотохајк” или „хајкер” категорија ("motohike category" / "hiker"), што за намената одговара пре­водот „излетник”, некој што оди на излет по суви земјани колски патишта.

Поделбата на мотоциклите може да биде според намената, изгледот, моќноста и друго. Спортските правила прават една поделба, комерцијалните промоции друга, прописите, техничките лица и клубовите некоја своја поделба, компаниите си тера­ат по свое.

Зборовите категорија, класа, род, вид, врста, тип, модел, имаат слично значење, во говорниот јазик понекогаш се синоними, од технички аспект поделбите може да се прават по секој од нив. Имаат широк спек­тар на интердисциплинарни значења. На нив се надоврзуваат зборовите стил, кон­цепт, дизајн ...

Понекогаш термините се поистове­ту­ваат, самите зборови имаат повеќе зна­чења и наместа различно се користат, им се меша значењето, кој како сака си ги вика и разбира, нејасно или воопшто не е дефинирано. Се мешааат поимите и при преводите. Дури и самиот збор спорт може да значи рекреативно, а за друга намена значи (спортски) натпре­вар.

Како еволуирале моторциклите, така и термините добивале поинакво значење, има и нијанси во поимањето во различни земји. Сега, мноштво од новите модели имаат измешани стилови што создава по­теш­ко­тии во нивната категоризација и кла­си­фикација, имаат изглед и елементи како теренци, а се предвидени за асфалтен пат.

Прво би ги поделил мотоциклите на такви наменети за натпреварување, кои не подлежат на регистрација, и на оние на­менети  за граѓанска употреба во редовен патен сообраќај. Тука имам пот­реба од помош како да ги викаме и едните и дру­гите, и како да ја наречеме самата оваа поделба.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина