Рубрика: Автомобилска техника
Природна експлоатациона припадност на моторите СВС (1)
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Оваа тема е недоволно разработена во стручната литература од оваа сфера, а во македонската стручна литература јас досега воопшто немам сретнато текст или есеј на оваа тема. Токму тој факт ми беше пре­дизвик да фрлам малку светло на ова мошне интересно прашање и, во својата суштина, енциклопедиски преглед на темата. Разработката на темата е мошне незгодна од повеќе причини, како брзиот развој на техниката и технологијата на мото­рите СВС, промените во експлоа­тацио­ните параметри на машните, промените во производствените технологии итн. Но, се­пак, постојат некои константи во парамет­рите и на моторите СВС и на машините и технологиите каде овие мотори се користат и токму тој факт ќе ја овозможи реализа­цијата на овој стручен труд, кој се надевам дека ќе наиде на добар прием кај чита­телите на ЕМИТЕР.

Еден од најголемите изуми во истори­јата на човештвото се моторите СВС. Ко­неч­но, движењето на населението ширум светот (во денешно време) е обезбедено на најлесен можен начин. А знаејќи дека движењето е слобода, бизнис, економија, производство, ... лесно се доаѓа до заклу­чок дека супериорноста на нацијата во прв ред е детерминирана од спoсобноста на движењето, т.е. циркулацијата на матери­јал­ните добра. Едноставно: движењето е опстанок. Моторите СВС се најзаслужни за остварување на овој вековен сон на чо­веш­твото на ниво на секојдневие.

Но, движење имаме секаде: во секој­днев­ниот живот за обавување на секојднев­ните потреби, во транспортот (сувоземен, бродски, воздушен), во спортот итн. Обли­ците и намените на превозните средства се од најширок можен спектар. За сето тоа да се придвижи потребни се, во нај­голем дел, моторите СВС. Затоа биле развиени повеќе типови и конструкции, најчесто суштински различни мотори СВС, за на најекономичен можен начин да ги задоволат потребите за задвижување на превозните средства. Токму тоа ќе е и темата на овој напис: во кои услови и каде се применуваат соодветните мотори СВС за задвижување на превозните средства и, воопшто, машинските конструкции, како природно се групирани и искористени пого­ните (на возилата) во општ случај.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.