Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Раната историја на радиото на поранешните југословенски простори се случува во времето на постоењето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), подоцна Кралството Југославија. Формирањето на првите радиостаници било резултат на влијанието на она што во тоа време се случувало во радиотехнологијата во Европа и во светот пошироко.
Во Словенија, радиото почнало со експериментално емитување на 1 септември 1928 година, под името Љубљанска радиостаница, претходникот на Радио Љубљана. Од 28 октомври истата година почнало емитувањето на редовна програма. Тоа била трета радиостаница отворена во Кралството на СХС, по Радио Белград и Радио Загреб. Најзаслужен за нејзиното работење бил инженерот Мариј Осана, кој бил и нејзиниот прв технички раководител. Уште во 1924 година, Осана започнал со експериментални преноси во Љубљана, со рачно изработен предавател. Следниот чекор се случил на 8 март 1925 година, кога радиоаматери од Љубљана ја пренеле програмата на Блед преку својот предавател. Потоа следел пренос од концертот на ,,Музичката матица'' од Љубљана, организиран на 26 јануари 1926 година, од Мариј Осана
Механизмот на “радио кукавицата”, звучното лого на Радио Љубљана од 1928 година наваму
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.