Рубрика: Информатика
UBIQUITY како решение за домашни мрежи
Автор: Кристијан Грозданоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 205 - 11/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Она што сите го побаруваме од нашиот мрежен систем е  безбедна и брза интернет комуникација но и пристап до уредите во мрежата. Во овој кус напис ве запознаваме со решенијата на убиквити што го нудат токму тоа, со дополнителен бонус на едноставна контрола на параметрите на мрежата од каде сакате и кога сакате.
 

Ако досега не сте слушнале за Уби­кви­­ти (Ubiquity), најмалку што треба да зна­ете е дека се работи за компанија чија цел е да ја поедностави ИТ индус­тријата. Оваа цел ја достигнуваат со помош на нивните про­из­во­ди што вклу­чу­ваат инженерски из­вед­би на најсовре­мени мрежни, безбед­нос­ни, комуни­ка­циски и организациски решенија и ги комбинираат со моќен софтвер за упра­вување, специјално ди­зај­ни­ран за да овозможи високо рацио­нали­зирани и интуитивни кориснички искуства.

Со Убиквити, можете да управувате со вашите распоредувања локално или од каде било во светот. Но, градењето ваква мрежа не е за оние со слабо срце. Потребно е малку учење и подготвеност да се потрошат пари на хардвер. Исто така, бара и промена во размислу­вање­то – мрежата е составена од повеќе делови, за разлика од традиционалното приклучувањето на еден уред. Но, ако сте спремни да инвестирате во подобар бежичен интернет, имате технички ум и сте подготвени за предизвик, тоа е до­волно едноставно за учење.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.