Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Историјата на овој авион започнува како ловец P-80 Shooting Star, кон крајот на Втората светска војна. За жал, заради своите релативно скромни перформанси во споредба со конкуренцијата (Gloster Meteor, Me-262 и особено во споредба со Миг 15 во Корејската војна), тој не ги исполни очекувањата во оваа област. Што да се прави со готов авион? За среќа, во моментот постоеше силна потреба од школски авиони за преобука на пилотите од клипна во млазна авијација, па компанијата Lockheed реши несудениот ловец да го реконструира и од него да направи тренажен авион.
И, како што обично се случува, „лошото момче” блесна во една сосема поинаква, можеби и поважна улога, стана тренажен авион, и тоа не каков било, туку еден од најдобрите во светот. Пилотите уживаа да летаат со него. Прототипот полета на 22.3.1948 година, под името Т-33А.
Еден од расходуваните авиони T-33A сега го краси паркот во општина Аеродром. За жал, оригиналниот, веројатно скршен, капак е заменет со смешна и грда аматерска форма која го расипува впечатокот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.